(ФОТО) Пожар во стан во Аеродром: На терен се противпожарните екипи

Во скопски Аеродром утрово избувна пожар, а противпожарните екипи веќе интервенираат на терен, пренесе Лидер.

 

Причината за пожарот сè уште не е позната, но според првичните информации од очевидци станува збор за тоа што се запалил аспиратор.

Пожарот се случи во зграда која се наоѓа зад трговскиот центар Бисер.

Огнот започнал да се шири од стан на петтиот кат во зградата, по што веднаш била повикана противпожарната служба. За среќа освен материјална птета повредени нема.

 

Back to top button
Close