(ФОТО)Редок феномен: Вулканот Етна исфрла совршени „прстени од чад

Вулканот Етна на Сицилија, најголемиот активен вулкан во Европа, веќе неколку дена исфрла необични „прстени од чад“ на небото, кои претставуваат спектакуларна глетка.

Според „РАИ њуз“ овие вулкански прстени всушност се создаваат од пареа, а не од чад. Направени се од кондензирани гасови, главно водена пареа, кои избегале од магмата и еруптирале од отворот на вулканот.

Овој феномен првпат бил забележан на Етна во 1724 година, а подоцна бил регистриран и на вулканот Стромболи.

Ваквите вулкански прстени од чад се документирани ширум светот, но повеќекратните прикази како оној на планината Етна се исклучително ретки

Back to top button
Close