ФОТО | Рускиот модел Ирина Шајк ја поддржа Украина: Како воопшто спиете додека се случува ова?

Рускиот модел Ирина Шајк оддаде поддршка на украинскиот народ по руската инвазија на таа земја.

Шајк објави фотографија со симболот на мирот на својот инстаграм-профил и ги повика своите следбеници да ѝ помогнат на Украина.

„Не за војната. Ќе донирам во УНИЦЕФ и Украинскиот Црвен крст. Ве молам најдете линкови за донации и ресурси на моите инстагам-стори. Дајте што можете. Се молам за мир во светот“, напиша Ирина.

 

На инстаграм-стори таа објави три фотографии направени во засолништа каде што се Украинците.

„Ве молам донирајте барем еден долар. Како воопшто можеме да спиеме, работиме или функционираме додека се случува ова?“, напиша Ирина.

 

Ирина минатата недела се огласи за нападот на Украина. Таа објави цртеж на земјината топка над која беше симбол што означува мир.

Back to top button
Close