Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб

Здравствената состојба на 75-годишниот монарх постепено се влошува, пишуваат американските медиуми.

„Операција Менаи Бриџ“ е кодно име за плановите поврзани со смртта на кралот Чарлс. Иако деталите за планот се строго чувани, неговото заминување ќе предизвика итни промени и во монархијата и во Обединетото Кралство.

Извори за американскиот „Дејли Бист“ известуваат дека здравствената состојба на 75-годишниот монарх не е „добра“ туку постепено се влошува, поради што претставниците на Бакингемската палата почнаа редовно да го ажурираат планот за неговиот претстоен погреб – подготовките за тоа, како куриозитет, започнаа ден по погребот на кралицата Елизабета.

Кралот Чарлс Трети долго време е далеку од очите на јавноста, а особено по неговата објава во февруари дека боледува од рак, тој избира да не се појавува во јавноста, очигледно за да ја сокрие својата лоша здравствена состојба.

„Секако дека е решен да го победи (ракот) и сите се надеваат на тоа. Сите остануваат оптимисти, но тој е навистина, навистина болен. Повеќе отколку што објавуваат“, изјави извор опишан како стар пријател на кралското семејство за „Дејли Бист“.

Се потсетува дека кралот Чарлс никогаш не открил од каков рак боледува, но признал дека не станува збор за рак на простата, кој е еден од најизлечивите облици на болеста.

Палатата остана со запечатени усти за здравјето на 75-годишниот монарх. Но, експертите и политичките коментатори кои зборуваа јавно, велат дека кралот „одговара многу добро“ на третманот.

 

 

„Плановите се „прочистуваат“ и активно се ажурираат. Тоа е за очекување бидејќи на кралот му е дијагностициран рак“, изјави изворот за „Дејли Бист“.

Деталните документи беа создадени еден ден по погребот на кралицата Елизабета на 8 септември 2022 година. Британските власти потврдија за „Дејли Бист“ дека „Операцијата Менаи Бриџ“ редовно се ажурира, но нагласија дека ова е формалност и дека „би било неразумно од овој факт се извлекуваат какви било заклучоци.

Сите членови на кралското семејство имаат ажурирани планови за нивните погреби категоризирани според кодни имиња засновани на мостови. На пример, планот за погребот на кралицата Елизабета беше наречен „Операција Лондон Бриџ“.

 

Back to top button
Close