Откако не постигнаа согласност од сите членки, санкциите на ЕУ против Русија продолжени само за седум дена

Претставниците на земјите членки на Европската Унија за една недела ги продолжија санкциите на ЕУ против Русија, до 22 септември, откако не успеаја да постигнат согласност за нивно шестмесечно продолжување, соопшти денеска портпарол на ирското претседателство со ЕУ.

Санкциите опфаќаат речиси 3.000 компании и физички лица, а предвидуваат замрзнување на имотот и забрана за патување. Тие требаше да истечат утре.

За санкциите на ЕУ е потребно едногласно одобрување од сите 27 земји членки, а тие треба да се обновуваат на секои шест месеци.

Back to top button
Close