Техеран: Односите со Анкара се „специјални во секој поглед“

Односите меѓу Иран и неговите соседи, а особено со Турција, се на посакуваното ниво, при што билатералните односи со Анкара се „специјални во секој поглед“ – изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Исмаил Багаи, пренесува информативниот сајт „Туркѓун“.
На редовниот неделен брифинг Багаи истакна дека Иран и Турција имаат заеднички ставови и загрижености во врска со низа регионални и меѓународни прашања, при што ја нагласи заедничката позиција против „обидите за наметнување влијание со сила“ во регионот од страна на Израел.
Тој додаде дека дипломатските служби ги преземаат неопходните мерки за да спречат остварување на одредени цели на САД.
Багаи истакна и дека Техеран во моментов не планира директни преговори со Вашингтон, додава „Туркѓун“.






