По Финска, и Естонија разговара за приклучување кон француската иницијатива за нуклеарно одвраќање


Естонија разговара со Франција за можно учество во иницијативата за „проширено“ нуклеарно одвраќање, изјави денеска естонскиот премиер Кристен Михал, откако беше објавено дека Финска ќе ѝ се приклучи на иницијативата што ја започна францускиот претседател Емануел Макрон.

– Ова не е вид обврска на која едноставно ѝ се приклучувате. Таа бара одредени способности, одредено ниво на подготвеност и така натаму – изјави Михал на маргините на европскиот самит за Арктикот во Рованиеми, во северна Финска.

– Франција, исто така, ја гарантира нашата независност со своите војници во Естонија. Затоа, ако соработката може да се продлабочи во нуклеарната сфера, веројатно и ќе биде продлабочена, додаде тој.

Михал истакна дека Естонија „веќе е под нуклеарниот чадор на НАТО“.

Back to top button
Close