(Фото) „Само уште риби ни недостигаат за да ја прогласиме за езеро“ – жител од Гази Баба за улицата полна со вода
Жител на општина Гази Баба преку објава во групата на Фејсбук „Ѕид на Општина Гази Баба“ упати иронична порака до градоначалникот, жалејќи се на лошата состојба на улицата на која живее.

Тој наведува дека улицата подолго време е исполнета со дупки, а дождовите дополнително ја влошиле состојбата, претворајќи ги оштетените делови во големи бари. Со доза сарказам, жителот ја опиша улицата како бесплатен аква-парк, додавајќи дека недостигаат уште само риби за да изгледа како вистинско езеро.
Преку објавата, тој побара надлежните конечно да обрнат внимание на проблемот и да преземат мерки за санација, потсетувајќи дека жителите имаат потреба од безбедна и проодна улица, а не од, како што иронично ја нарече, нова туристичка атракција.






