ФОТО: Торта за среќен роденден на Мицкоски од сопартијците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својата Фејсбук страница објави фотографија од роденденската торта со која, како што вели, го изненадиле соработниците за неговиот 43 роденден.

„Година повеќе, но и мудрост повеќе. Благодарност до моите соработници кои пријатно ме изненадија. Благодарност од се срце и до сите кои ми честитавте, а не успеав поради работните обврски да возратам. Моите желби се за подобро утре за секој еден човек, и развој на нашата Македонија! Тоа ќе го постигнеме обединети, целосно искрени и со срце за промени за нашата земја и иднина“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close