Вучиќ и ја честиташе победата на Силјановска Давкова. Хвала пуно председниче му се заблагодарила Давкова.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори во Македонија.

„И честитам на Гордана Силјановска Давкова за изборот за претседател на С. Македонија, со желба успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија со цел напредок и благосостојба на нашиот народ, како и просперитет на целиот регион“, рече Вучиќ на платформата „Х“.

Back to top button
Close