(ФОТО) Тројца загинати во судар на автомобили на наплатна рампа кај Ливорно, во италијанска Тоскана

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во италијанскиот регион Тоскана кога нивниот автомобил влетал во патарината, потврди противпожарната бригада.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека автомобилот во кој се превезувале германска двојка со голема брзина се приближил до патарината на автопатот во близина на Ливорно, каде што се судрил со два други автомобили кои чекале на патарината.

Според пожарникарите шест лица се повредени, меѓу кои и две деца.

Во судирот загинал и патник во еден од автомобилите кои чекале во редот за наплата.

Германскиот автомобил се превртел и удрил во наплатната рампа.

Сликите од местото на настанот покажуваат автомобили свртени на нивните покриви и урната наплатна рампа.

Италијанските медиуми објавија дека вработениот кој работел во кабината е неповреден

Back to top button
Close