(ФОТО + ВИДЕО) Протест во Љубљана: Граѓани бараат извинување од градоначалникот што го поддржи Вучиќ

Неколку илјади луѓе се собраа во Љубљана за да им изразат поддршка на студентите во Србија и да побараат од градоначалникот Зоран Јанковиќ јавно да се извини за својата поддршка на српските власти, пренесе Бета.

Фото: РСЕ
Фото: РСЕ

Собирот под наслов „Љубљана станува“ започна во 11:52 часот пред Амбасадата на Србија, со молчење во знак на сеќавање на 15-те загинати при уривањето на бетонскиот покрив на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.

Потоа, присутните се упатија кон Градската општина Љубљана, каде што организаторите предадоа четири барања. Пред Градската куќа беа поставени 15 столици во знак на сеќавање на загинатите во Нови Сад. (Radio Slobodna Evropa)

 

Back to top button
Close