(ФОТО+ВИДЕО) Запленети над 300 парчиња пури при претрес на автобус на ГП „Табановце“ – поднесена е кривична против возачот
Поголема количина пури во вредност од четири илјади евра запленил мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин „Табановце“, на македонско-српската граница.







