ФОТО: Во Париз отворено Олимпиското село

Осум дена пред почетокот на Олимписките игри во Париз, денеска официјално беше отворено Олимпиското село, а во текот на денот се очекува пристигнувањето на првите спортисти.

– Ова е посебен момент кога Селото навистина оживува. Имаше неколку луѓе овде минатата недела, но од денеска селото ќе почне да се полни. Очекуваме дека во текот на денот ќе пристигнат меѓу една и две илјади луѓе, изјави заменик-шефот на француската делегација во ОИ, Андре-Пјер Губер.

Олимпиското село се наоѓа северно од Париз, се простира на 52 хектари земја, а во текот на ОИ може да биде домаќин на 14.000 спортисти, спортски службеници и вработени кои ќе се погрижат учесниците на Игрите да имаат пријатен престој.

Back to top button
Close