(ФОТО) Загинатата девојка во сообраќајката кај „Сити Мол“  имала 24 години, хоспитализирано е уште едно лице

Во сообраќајната незгода која вечерва се случи на бул. Партизански одреди как „Сити Мол“ во Скопје, во населба Карпош, девојката која загина на местото на настанот имала 24 години, а повредено е уште едно лице, кое е хоспитализирано.

„На 20.01.2022 год. во 19.44 час.  пријавено е дека на ул.Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која  ПМВ Цитроен  управувано од Ј. Ѓ.  (1999) од  Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш. која починала на лице место – велат од МВР.

Се врши увид на местото на несреќата

Фото: 360 Степени

 

Back to top button
Close