(ФОТО) Зеленски на Самитот на ЕУ со фокус кон европските вредности – Европа се чисти од корупциското влијание на рускиот олигархиски бизнис

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денес во Брисел на Самитот на ЕУ се сретна со лидерите на Унијата.

Белгиската престолнина е третата станица од европската турнеја на Зеленски. Тој го посети Лондон во средата попладне, при што се обрати во британскиот Парламент и одржа работна средба со премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, пред повторно да замине на средба во Париз со францускиот претседател, Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.

За време на неговата посета на Брисел, Зеленски одржа говор пред европските пратеници на вонредната пленарна седница свикана утрово, пренесува Еуроњуз.

Фото: Еуроњуз

„Драги пријатели, можеби некои од вас претходно не ја почувствува моќта на европскиот начин на живот, но сега заедно, Украина и земјите од ЕУ, ја направија нашата сила очигледна“, рече Зеленски пред европратениците во последниот дел од својот говор.

– Не се враќаме пред непријателот. Не губиме време, туку се менуваме себеси, продолжи тој.

„Европа секогаш ќе остане Европа сѐ додека сме заедно, сѐ додека можеме да се грижиме за нашиот европски начин на живот“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека планира лично да им се заблагодари на сите 27 лидери на ЕУ за преземањето на неопходните одлуки кои „му овозможија на нашиот континент да го направи она што претходната генерација лидери го сметаа за невозможно: Европа барем се ослободува од уништувачката зависност од руските фосилни горива“.

„Европа се чисти од корупциското влијание на рускиот олигархиски бизнис“, продолжи Зеленски и додаде дека Европа се брани од инфилтрацијата на руските тајни служби кои ја гледаа Европа како поле за лов на противниците на рускиот режим.

Тој го заврши својот возбудлив говор оддавајќи им почит на сите војници кои се борат против бруталната инвазија што ја започна Русија и ги покани сите пратеници да ја посетат неговата земја.

„Слава Укаини! изјави тој, а потоа накратко се префрли на англиски за да изрази прекумерна благодарност.

Потоа следеа овации. Претседателката Роберта Мецола на Зеленски му врачи знаме на Европската унија. И, сосем за крај, парламентот ја отсвири химната на Украина и Бетовеновата „Ода на радоста“.

Олаф Шолц, пак, кој се состана со Зеленски и Макрон синоќа во Париз, при пристигнувањето во Брисел кажа дека Германија го држи рекордот кога станува збор за давањето помош на Украина.

„Меѓу земјите на ЕУ, Германија е земјата која дава најголема поддршка – финансиска, хуманитарна, но и најконкретна поддршка во однос на испораката на оружје“, рече тој.

Германија во јануари беше под жестоки критики поради тоа што се двоумеше дали да дозволи извоз на тенкови Леопард 2 од германско производство во Украина.

извор: Фронтлајн

Back to top button
Close