ФОТО: Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања, пристигна во судот
Денеска продолжува судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Во судот се појави и мајката на убиената Вања, Зорица која денеска ќе сведочи.
Мајката на почетокот на судењето преку својот адвокат поднесе барање судскиот процес да биде затворен за јавноста, поради дополнителни трауми за неа и за нејзината друга ќерка. Судот го одби ова барање, но нејзиното сведочење може да биде затворено за јавноста ако таа повторно побара, а Судот го прифати тоа.
На претходното рочиште, сите петмина обвинети – Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Борче Видевски, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања – изјавија дека не се чувствуваат виновни.
Мотивот, според обвинителството, бил користољубие – планирале да земат пари од мајката на Вања.
Палевски и таткото го оспоруваат мотивот, тврдејќи дека дупките за жртвите биле ископани пред убиствата и дека не биле побарани никакви пари од мајката. Тие, исто така, тврдат дека не се познаваат
…
Фото: Скопје1