Фотографот на Мирор: Тоа беше Кејт Мидлтон, ја видов со свои очи
Нелсон Силва е снимателот кој изминатиов викенд ги снимил британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кетрин – Кејт Мидлтон во продавница кај Виндзор. Во контекст на теориите на заговор, снимателот за „Мирор“ вели дека тврдењата оти тоа не била Кејт на видеото што го објави и „Сан“, се смешни.
– Вработените кои во тој миг ја препознаа (Кејт, з.п.) беа возбудени… Ова е видео на коешто јасно се гледа таа покрај Вилијам. Ги видов со свои очи. Мислев дека настаните ќе се смират откако ова ќе биде објавено, изјави Нелсон.
Имено, на интернет кружат разни теории и гласини, на пр. дека Кејт е болна на смртна постела, отруена или веќе почината, па дека на спомнатото видео не е снимена принцезата, туку нејзина двојничка и така натаму.