Франција, Германија и Велика Британија се подготвени да испратат војници во Украина
Францускиот министер за финансии Ерик Ломбард изјави дека очекува САД да ги поддржат европските мировни сили по прекинот на огнот меѓу Украина и Русија.

Говорејќи за телевизијата Блумберг во Кејп Таун, каде што присуствува на состанокот на министрите за финансии на Г-20, Ломбард рече дека Велика Британија, Германија, Франција и другите европски земји се подготвени да испратат сили за да го гарантираат спроведувањето на прекинот на огнот.
„Ако сакаме да се почитува примирјето, потребна ни е поддршката од САД“, рече тој утрово и додаде: „Верувам дека Американците се согласија за тоа“.
Претходно оваа недела, Ломбард отпатува во Вашингтон заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, каде што разговараа за ситуацијата во Украина и трговските односи со американските претставници, вклучително и претседателот Доналд Трамп и министерот за финансии Скот Бесент.
„Разговаравме за сите прашања – трговија, царини, нетарифни бариери“, рече Ломбард.
Тој додаде дека тој и Бесент размениле броеви на мобилни телефони и дека повторно ќе се сретнат во април на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон