Франција и ЕУ интензивираат напори за привлекување научници од САД во Европа

Франција и ЕУ ќе ги интензивираат своите напори за привлекување во Европа научници од САД погодени од строгата политика на претседателот Доналд Трамп кон универзитетите и академската заедница, пишува „Гардијан“.

Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе презентираат утре нови мерки за стимулација за привлекување истражувачи од САД во Европа на состанок на Универзитетот Сорбона во Париз, според британскиот весник.

Целта на собирот, на кој ќе учествуваат европски академици и претставници на ЕУ, е да се отворат вратите на Европа за научниците кои се плашат за своите работни места поради намалувањето на федералната помош на САД за универзитетите и истражувачките организации, како и таргетирањето на универзитетите поради нивните политики за разновидност.

Back to top button
Close