„Сон на балон“, „Стефан во Дино Парк“ и „Домот на пастрмката“ на Александра Велинова преведени на албански јазик
Авторката Александра Велинова продолжува да ги доближува своите дела до поширока читателска публика преку превод на албански јазик на второто издание на трите популарни детски изданија: „Сон на балон“, „Стефан во Дино Парк“ и „Домот на пастрмката“. Препевот е на Делвина Керлуку исто така член на ДПМ. Овие книги, кои преку интересни приказни обработуваат теми како пријателството, авантурата, едукацијата и грижата за природата, веќе го привлекоа вниманието на најмладите читатели во Македонија.

„Сон на балон“ носи емотивна и едукативна приказна за детското пријателство, иселувањето и чувството на припадност. „Стефан во Дино Парк“ ги запознава децата со светот на диносаурусите преку авантура и игра. „Домот на пастрмката“, пак, испраќа силна еколошка порака за заштита на охридската пастрмка и природното богатство на Македонија.

Со преводот на албански јазик, овие изданија ќе станат подостапни за нов круг млади читатели, придонесувајќи кон развојот на детската литература и меѓукултурната комуникација.







