Франција и САД во финалето на СП за кошаркарки

Во финалето на Светското првенство во кошарка за жени ќе играат Франција и САД.
Француските кошаркарки во саботното полуфинале во Берлин убедливо го совладаа синоќа домаќинот Германија со 86-64 и прв пат во својата историја обезбедија мундијалско финале.
Противник на Франција во дуелот за златниот медал ќе биде американската репрезентација, која дури во четвртата четвртина го скрши отпорот на Шпанија и триумфираше со 76-66 во второто полуфинале.
За САД ова ќе биде петтото мундијалско финале во низа, а дуелот, вечерва со почеток во 20 часот, против Франција ќе биде реприза на финалето од Олимписките игри во Париз пред две години, во кое Американките победија со 67-66.






