Франција планира да го воведе правото на абортус во Уставот

Франција планира да го воведе правото на абортус во Уставот, 48 години откако абортусот беше декриминализиран во таа земја, а потоа и предвиден со закон.

Со тоа, Франција ќе стане првата земја што ќе го вклучи правото на абортус во својот Устав, што ќе испрати силен сигнал до жените ширум светот, рече активистката Албан Гајо, која се занимава со застапеност во планирањето на семејството.

Францускиот Парламент на крајот на ноември го усвои Предлог-законот за вклучување на правото на абортус во Уставот. Се очекува, Предлог-законот на 1 февруари да се најде во Сенатот.

Back to top button
Close