Француската жандармерија влезе во седиштето на партијата на Макрон
Информацијата ја потврдија и од државното обвинителство за финансии, пишува „Либерасион” и додава дека и претходно биле претресувани канцелариите на „Меккинси”, но ова е првпат жандармеријата да биде во просториите на партијата на Макрон.
Претресот е извршен врз основа на две истраги што ги води обвинителството, а француските медиуми јавуваат дека жандармеријата ги посетила и канцелариите на финансиери на кампањата.
Француските обвинители во октомври отворија истрага за финансирањето на претседателските кампањи на Макрон и финансиските неправилности поврзани со ангажирањето на консултантски фирми.
Францускиот министер за економија Бруно Лемер во ноември призна дека имало неправилности при ангажирањето на консултантската фирма „Меккинси”.