Француски студенти го блокираа Лувр за поддршка на средношколците

Студентите во Франција утрово го блокираа музејот Лувр како знак на поддршка на средношколското движење кое протестира во изминатите недели барајќи подобри услови и поголеми инвестиции во образованието.

Лувр не можеше да ги отвори вратите во девет часот, кога започнува работното време, поради присуството на млади демонстранти кои рекоа дека се „горди што го блокираат најголемиот музеј во светот“, објави „Фигаро“.

Според администрацијата на Лувр, таа институција нема никаква врска со протестите и затоа не треба да биде блокирана.

Демонстрациите и блокадите на училиштата и универзитетите во Франција почнаа кон крајот на септември, а за време на демонстрациите беа уапсени илјадници студенти, додека околу 1.000 полицајци се повредени.

Back to top button
Close