Францускиот премиер Габриел Атал ќе поднесе оставка

Францускиот премиер Габриел Атал изјави дека утре ќе поднесе оставка откако левичарската коалиција Нов народен фронт неочекувано победи на денешните парламентарни избори.

„Вечерва, ниеден од екстремите не обезбеди мнозинство и тоа е заслуга на францускиот дух. Сојузот Заедно освои тројно повеќе пратеници од она што се предвидуваше, но немаме мнозинство. Затоа, утре ќе му ја предадам мојата оставка на претседателот Макрон“, изјави Атал, најмладиот премиер во историјата на земјата.

Back to top button
Close