Француските служби спасија околу 190 мигранти од Ла Манш
Околу 190 мигранти кои со гумени чамци се обидувале да го преминат Ла Манш и да стигнат до Велика Британија се спасени недалеку од пристаништето Кале во северна Франција, соопштија локалните француски власти без да прецизираат од каде дошле мигрантите.
Ла Манш е еден од најпрометните морски патишта во светот и има многу силни морски струи.
Трговците со луѓе обично преоптоваруваат гумени чамци со премногу мигранти и овие чамци едвај остануваат на површината, оставени на милост и немилост на струите и разбрануваното море, коментираат локалните медиуми.