Фрустрациите на „патриотот„  Ристо Никовски

Името на  амбасадорот Ристо Никовски често пати може да го читаме во разни портали или дневни весници, може да го гледаме како аналитичар во тв дебати  секогаш фрустриран и гневен кон американскиот империзам и  неговата „слуга„ Европската Унија кои според него (преку Сорос!)основаат и финансираат невладини организации  кои се појавуваат „како реализатори на американските планови на Балканот, прв приоритет на овие “НВО“ е решавање на албанското национално прашање (Албанците се нивни стратегиски партнери), а втор е разнебитување на Македонците, коишто не им се вклопуваат во концепциите за иднината на регионот„.

Во оваа група на невладини организации Никовски го вбројува и Совет на (квази) амбасадори, чија „програмска определба„ аналогно на гореизнесеното според него е гореспоменатото „решавање на албанското прашање„ и разнебитување на македонскиот народ„ Поголема будалаштина нема човек да каже ниту пак да постои!

Голема фрустрирана констатација дури и екстремно незнаење , нечитање и непризнавање на факти е тоа дека „Состав на Советот, не може да се најде, ама не треба да има дилеми дека најголемиот дел од нив не се дипломати од кариера туку со политичко педигре, кои токму така и се однесуваат. Политички. Ако има и од другите, тоа покажува или недостаток на квалитет, или лични интереси.„(инфомакс. 6 август 2022 год).

На почитуваниот Никовски му препорачувам да бара во www.sovetambasadori,mk и во рубриката „за нас„ во главном ќе ги најде имињата на неговите поранешни колеги амбасадори со кои тој соработувал уште од времето на федеративниот југословески дипломатскиот сервис сé до пензиските денови во независна Македонија. И од безобразлук или завист (макар да имаше минимум почит кон нив и нивните квалитети) нив и целиот состав ги квалификува како непрофесионалци, незналци и тн.

И да не одиме многу далеку. Кога сме кај личните интереси би го потсетиле Ристо Никовски дека како невладина организација која е основана на првична иницијатива на амбасадорот Александар Тавчиовски а потоа прифатена од сите членови на сегашниот ИО (а не владата на СДСМ!) функционира од сопствен буџет преку членарина и  една скромна но ценета донација и досега без еден денар од делот на владиниот буџет што им следува на невладините организации. И за  негова несреќа не сме многу посакувани од власта , но горди сме од фактот кој и самиот Никовски го признава дека „Совет на (квази!) амбасадори, како “невладина“ организација, последниве години игра нагласена улога.

Во неговото размислување околу дејствувањето на американскиот империализам Никовски , (поранешен амбасадор на Глигоров во Москва) не потсетува дека „…  и рушењето на претходниот премиер, Груевски, беше класичен државен удар од страна на ЦИА, и партнерски тајни служби„ (Ибид).

Околу гореизнесеното би сакал јавноста да ја потсетам дека Никовски не жали за „рушењето на претходниот премиер Груевски од ЦИА„ туку жали најмногу за изгубените семејни привилегии !

Имено, порталот sdk.mk од 13. Август 2017 год. пренесувајќи дел од пресот на портпаролот на Владата Бошњаковски констатира дека „Само на Никовски, син на поранешниот дипломат Ристо Никовски, кој беше дежурен жесток бранител на политиките на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, Владата по разни основи му исплатила речиси 220 илјади евра„

Ете, тоа се лични  и семејни интереси!

Мухамед Халили

Back to top button
Close