ГАЛЕРИЈА: “1000 резови”

„Илјада резови“ е серија портрети и приказни во авторство на Сујата Сетиа кои претставуваат фотографска студија за форми на семејна злоупотреба во јужноазиската заедница.

Насловот “1000 резови” произлегува од древната азиска форма на тортура – „смрт од илјада резови“ или „Лингчи“. Метафоричното значење на Лингчи е преземено за да се укаже на цикличната природа на семејното насилство.

Континуираниот чин на засекување на душата се изразува со правење резови на портретот.

„Илјада резови“ е обид да се разбере злоупотребата од многу различни перспективи.

-Намерата ми беше да создадам метафорична „чекална“, каде што странци ќе се среќаваат и разговараат меѓу себе без никаков страв од осуда или хиерархизирање. Имагинарен простор за разговор. Од каде е и лесно да се излезе. Соба во која ве слушаат, гледаат, разбираат и каде што, конечно, се чувствувате безбедно да ја оставите вашата приказна зад себе. Започнавме со создавање на таа соба како вистински простор. Простор во црква во Хаунслоу, Велика Британија. Многумина се сретнаа тука и неколку пати. Се држевме за раце и зборувавме долго. Никој не ја напушти собата на половина пат. Преку овие разговори, колективно се обидовме да го проучиме патот на злоупотребите од приватниот, интимен простор каде што се случува насилство преку јавниот домен, без разлика дали тоа е процес каде приватната реалност се субвертира; на прекин на молкот и зборување со семејството, пријателите, соседите, колегите или дури и со апсолутни странци – вели Сетиа.

„Илјада резови“ е покана за отворен дијалог кој овозможува да се истражуваат концепти како што се траумата, страдањето, генетските и културни предиспозиции, родовите и идентитетски политики без да ја жртвуваат сопствената ранливост или да се ризикува конфронтација.

“मोम का पुतला” – (Statue)

Back to top button
Close