ГАЛЕРИЈА: Десетици лажни фотографии од апсење на Трамп ги преплавија социјалните мрежи

Социјалните мрежи ги преплавија лажни фотографии од наводно апсење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Елиот Хигинс, основачот на истражувачката група Белингкет, ги објави на Твитер оригиналните лажни фотографии, кои се креирани со помош на вештачка интелигенција.

Фотографиите се постирани пред можното обвинение на Трамп оваа недела поради фалсификување деловни записи во врска со наводни исплати на пари на поранешната порно глумица Сторми Дениелс за време на неговата кампања во 2016 година.

 

Back to top button
Close