ГАЛЕРИЈА од Инфективна: На првата линија на фронтот се води битка со корона-вирусот до последен здив

Меѓу ѕидовите на Клиниката за инфективни болести во Скопје е тивко. Убаво е осветлено, површините се дезинфицирани и чисти, нема врева и нема врвулица.

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје | Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

На прв поглед, човек не би рекол дека така изгледа првата линија на фронтот во битката против невидливиот непријател кој го покори светот и целосно го смени начинот на живот – новиот корона вирус. Ова е битка буквално до последен здив.

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје | Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк
Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје | Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

Во центарот на случувањата, покрај скопската Градска болница „8 Септември“, се наоѓа токму Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Таму, во првите борбени редови лекарите, медицинските сестри и пациентите, стојат рамо до рамо, и се охрабруваат еден со друг, за да соберат сила и заедно го победат вирусот.

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје | Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

Денеска ја посетивме клиниката за да посведочиме за борбата на овие луѓе. Во одделот каде што најпрво влеговме главно беа паценти со „стабилна клиничка слика“ или поедноставно речено, наши сограѓани кои најверојатно ќе ја пребродат болеста и ќе се вратат дома кај своите најблиски. Голем дел од нив ги броеа деновите до прогласување победа.

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје | Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

Но, имаше и такви кои беа во критична состојба. Најголемата битка се водеше за нивните животи. Онаму каде што имаше потреба интервенираше голем дел од персоналот, кој внимателно се грижеше за секој детаљ.

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје | Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

Во еден момент, кога на пациент кој дишеше со помош на машина за кислород требаше да му се сменат боците со кислород се чини дека целиот персонал беше покрај него. Еден му ја држеше раката, а други двајца полека му помагаа да ја промени положбата. Уште двајца се обидуваа да му стават нова боца за кислород додека дел од нивните колеги ја следеа состојбата на неговите витални функции на апаратите. Откако ја променија боцата заедно продолжија понатаму, кај другите пациенти во останатите соби од клиниката.

Вработените во клиниката, заедно со директорката, се грижеа и за нашата безбедност и сигурност додека сведочиме за нивната работа. Не беше лесно да се издржи подолг период во сите тие слоеви заштитна опрема која ја носат медицинските лица секој ден.

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје | фото: Мета.мк

Облечена со скафандер, маска, два пара нараквици, по некое време телото едноставно не може да функционира лесно. Станува топло под сите тие слоеви, дишењето е отежнато од маската, а наочарите цело време се замаглуваат. По одреден период едноставно не можев повеќе да фотографирам, додека покрај мене луѓето од интензивна нега, кои со часови ја носат таа облека, функционираа нормално.

Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје | Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

И покрај несериозниот пристап на граѓаните кон ситуацијата, и покрај многуте жртви кои ја изгубија битката пред нивни очи, овие луѓе упорно продолжуваат да се борат ризикувајќи го нивниот живот за да спасат друг.

Текст и фото: Арбнора Мехмети

Извор: МЕТА

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close