Исклучени четири фонтани во Општина Карпош како превенција од западнонилска треска

„Општинските служби го преземаат овој чекор, како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои шират вирусни заболувања. За таа цел се исклучени: Фонтаната во населбата Бардовци; Фонтаната спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“; Фонтаната на плоштадот Делфина во Влае и Фонтаната во Карпош 3 (спроти Тинекс)“, соопштија од Општината.
„Се надеваме на разбирање од карпошани, бидејќи Општина Карпош ја презема оваа мерка во интерес на безбедноста и здравјето на сите жители. Во оваа пригода, апелираме до нашите сограѓани да се придржуваат до препораките од Институтот за јавно здравје“, велат надлежните






