(ГАЛЕРИЈА) Сакал да шверцува четири питони и отровна змија на Богородица, ги скрил под седиштето
Седум змии и еден гуштер биле откриени и запленети на граничниот премин Богородица при обид за нелегално внесување во државата, информираат од Царинската управа.

Влекачите биле пронајдени при контрола на возило управувано од косовски државјанин, во заедничка акција на царински и полициски службеници. Според информациите од Царината, животните биле спакувани во кутии и марами и скриени под седиштето во возилото.
Меѓу запленетите животни има четири питони од различни видови, змија позната како „Chinese Ring Rat“, вид „Raticulated Super Dwarf“, како и отровна змија „Baron Snake“. Дел од видовите се заштитени и нивниот меѓународен промет е строго регулиран.
Од Царинската управа информираат дека влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против лицето е поведена соодветна постапка.
Од институцијата потсетуваат дека за внесување и трговија со заштитени видови дива флора и фауна се потребни соодветни дозволи, согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови (CITES). Секој внес без потребната документација се смета за недозволен објави Скопје1.мк






