Галетановски нов претседател на СДСМ Скопје: „Мисија на мојот тим ќе биде чисто и подобро Скопје за сите“

Поранешниот директор на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски објави дека ја презема функцијата претседател на градската организација на СДСМ.

Тој се заблагодари за довербата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче и вети дека ќе се заложи за решавање на проблемите со кои се соочуваат Скопјани.

„Чест ми е што денес ја преземав функцијата претседател на градската организација на СДСМ. Му благодарам за довербата на претседателот Венко Филипче а на граѓаните на Скопје им ветувам дека ќе се заложам за брзо решавање на локалните проблеми на Скопјани. Воедно давам збор дека секогаш ќе бидам на браникот на младите и како што во минатото помагав на секој граѓанин без разлика на верска национална партиска припадност така и ќе продолжам. Мисија на мојот тим ќе биде чисто и подобро Скопје за сите“ напиша Галетановски на Фејсбук.

Галетановски аплицираше на јавниот повик на Град Скопје за да се врати на позицијата директор на ЗОО, при што неколку месеци чекаше одговор од Град Скопје, но не беше избран

Back to top button
Close