Гаши: Ако Зибери не биде премиер, ДУИ треба да отстапи и ние да преговараме за влада

зборите поминаа со поткуп и манипулација, но, како и да е, ДИК и Управниот суд ги легализираа пратеници и веќе ние како политичари на маса имаме таква состојба. Но, сега една работа е важна – легитимитетот, вели претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, коментирајќи ги изборните резултати и 15-те освоени пратеници на ДУИ во утринското гостување на „Слободна ТВ“.

Тој на изборите настапуваше во коалиција со Алијансата за Албанците на Зијадин Села и освоија 12 пратеници. Сега, во преговорите за формирање влада, смета тој, ДУИ треба да се повлече ако Насер Зибери не биде премиер бидејќи како партија ќе нема легитимитет.

„ДУИ треба да проба да го има својот премиер, тоа е Насер Зибери, уште го гледаме по билборди во Скопје, тие добија толку пратеници заради него, и сега ако не можат да го исполнат тоа ќе треба да отстапат и ќе треба да се направат други комбинаторики, нашата коалиција ќе треба да настапи и да почнеме преговори. Ние не сакаме да влегуваме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет. Тие треба да се соочат со тоа што го ветија – вели Гаши.

Back to top button
Close