(Видео)Гаши не бил добро разбран: Мојата татковина е Северна Македонија


Претседателот на Собранието Африм Гаши преку Фејсбук објаснува дека негова татковина е Македонија, а дека „Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив“. Објаснувањето на Гаши следи откако неговата изјава дека Косово е неговата татковина предизвика бурни реакции во јавноста, а мандатарот Христијан Мицкоски му порача да им се извини на граѓаните на Македонија, ако навистина така изјавил.

-Во однос на прашањето за мојата татковина, свесен сум за обвинувањата и искривувањата од различни медиуми кои се обидуваат да привлечат внимание. Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија.
Да појаснам и за јавноста, точната изјава во моето интервју беше дека „Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив“ – напиша Гаши.

Тој верува дека „добро се разбираме за да не бараме детални објаснувања за поимите како родно место, татковина или мајковина, бидејќи албанскиот јазик користи и сложена именка што комбинира мајка и земја“.

-За мене најважно е преку нашите постапки да покажеме како ја гледаме нашата земја, која е нашата посветеност кон неа, кои се нашите придонеси и да правиме разлика меѓу оние кои ја градат и збогатуваат и оние кои ја уништуваат и крадат таа. Од тврдењата и изјавите за патриотизам граѓаните немаат никаква корист, а ние не сме тука да се натпреваруваме кој е по патриот. Јас не уживам во такви дебати и ова е мојата конечна изјава за оваа тема – вели Гаши.

Мандатарот Мицкоски вчера на новинарско прашање како ја коментира изјавата на претседателот на Собранието, гаши дека Косово е неговата татковина рече дека не ја слушнал изјавата, но ако навистина така рекол тогаш треба да им се извини на граѓаните на Македонија.

– Јас не сум ја слушнал изјавата на Африм Гаши. Мислам дека негова татковина е Македонија. Од тоа што јас сум разговарал со Гаши, сум слушнал лично од него дека наша заедничка татковина е нашата заедничка Македонија. Ако навистина дал таква изјава, треба да им се извини на граѓаните на Македонија. И тоа треба час поскоро да го направи. Од тука тој зема плата и од страна на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Бошњаците е избран за претседател на македонското Собрание – рече Мицкоски.

Гаши претходно даде изјава за тв 21 која предизвика реачцииво јавноста.

Следува линк од изјавата. Африм Гаши за тв 21

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close