Генерал Мили: Во Украина веројатно има над 100.000 загинати и повредени руски војници

Началникот на Здружениот Генераштаб на американската војска, генерал Марк Мили, оцени дека руската војска имала над 100.000 загинати и повредени војници во Украина, додавајќи оти и украинските вооружени сили веројатно претрпеле загуби на исто ниво во војната што почна на 24 февруари.

– Многу човечки маки и страдања, изјави генералот Мили, додавајќи дека веројатно околу 40.000 украински цивили настрадале од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Back to top button
Close