Георгиевски во емисијата ,,Во Центар”- Груевски ургираше да го земам Мијалков за советник за да ги храни децата

-Хил бараше да го тргнам Сашо Мијалков на два пати зашто им продавал оружје на Србите. И два пати Доста дојде за истото. Па го сменивме.

После доаѓа Грујо и ми вели: да те замолам за Сашо, има деца нема како да го храни, а Сашо знаеме каков капитал има нели?
И вели Никола Може ли да го земеш за државен советник барем плата да зема. И го назначив, земаше плата и седеше дома. Така јас му помогнав на Сашо – изјави Љупчо Георгиевски во вчерашното гостување “Во Центар” кај Васко Ефтов.

Back to top button
Close