Жал ми е што Кејт не е тука“: Принцот Вилијам при посета на училиште проговори за Мидлтон

Принцот Вилијам денеска беше во посета на училиште во Сендвел, Англија. Неговото појавување изненади многумина, а во разговор со вработен во образовнaта институција ја спомена и сопругата Кејт Мидлтон која се бори со ракот, пренесува „Дејли мејл“.

Вилијам пристигна во училиштето за да се сретне со ученикот Фреди Хајдли (12), откако момчето му испрати писмо минатата година во кое го покани да ги види иницијативите за борба со менталното здравје во училиштето „Свети Мајкл“.

„Многу луѓе пишуваат писма, но писмото на Фреди беше навистина добро напишано. Ветив дека ќе дојдам“, му рекол тој на член на училишниот персонал.

Кејт Мидлтон се повлече од службените должности поради болеста, а престолонаследникот денеска накратко проговори за неа.

„Жал ми е што Кетрин не можеше да биде тука. Таа многу би сакала“, додал Вилијам.

Back to top button
Close