Герасимовски: Центар е пример за грижа кон пензионерите

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар во изминатите четири години континуирано работи на развој на програми и иницијативи што обезбедуваат подобра грижа за пензионерите, градејќи поинклузивна и солидарна локална самоуправа.

„Се грижиме за нашите повозрасни центарци – пензионери, овие изминати четири години редовно се среќаваме со нив и заеднички имплементираме проекти со кои го подобруваме нивниот квалитет на живот. Пред неколку денови, со Црвениот крст на Град Скопје потпишавме договор за реализација на услугата „Итно копче”, со што на жителите над 65 годишна возраст, им се обезбедува помош во итни ситуации, во домашни услови.

Три години по ред, во месец декември доделуваме еднократна парична помош во висина од 2.500 денари на пензионери, со што помагаме во семејните трошоци во пресрет на новогодишните празници. Исто така, една од нашите заложби, а на интерес и на пензионерите беше и преселувањето во нови простории на Пензионерскиот клуб „Невена Георгиева Дуња”, кадешто нашите пензионери се дружат и се социјализираат”, вели Герасимовски.

Герасимовски потенцира дека Општина Центар редовно организира хуманитарни базари и креативни активности во кои активно се вклучени и пензионерите.

„Во соработка со Здружението на пензионери, сите пензионери во Центар имаат можност за бесплатни стоматолошки прегледи, а нашата општина е и прва во обезбедување нега на пензионерите во нивните домови преку проектот „Нега на стари лица во домашни услови. Пензионерите претставуваат важен дел од нашата заедница и имаат незаменлива улога во развојот на секоја локална самоуправа”, истакнува Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close