Герасимовски за списокот со закани од соученичка: Да не се крева паника, разговарајте со децата
Во однос на денешната информација во медимите поврзана со список, напишан од ученичка, со закани кон своите соученици, преземени се сите мерки од страна на училиштето, а и МВР постапува во однос на случајот, информира градоначалникот на Општина Центар Горан Герасиммовски.
„Што се однесува до самиот настан, вчера разговарав со директорката на училиштето, но и со сите директори на основните училишта во Општината. Тие веќе од денес преку наставниците интензивно комуницираат со родителите и децата, предупредувајќи ги од последиците од ваквите постапки, кои некои од децата ги разбрале како игра или шега. Очекувам сите наставници, но пред се родителите, да разговараат со своите деца и да им укажат колку е опасно да го користат овој немил настан, дури ни на шега, да не прават слични списоци или на кој било начин да си поигруваат со ужасната трагедија“,посочува Герасимовски во соопштението испратено до медиумите.
Тој информира дека во најкус рок ќе започнат со нови програми за спречување на насилство во училиштата и нови проекти кои ќе значат побезбедни ученици и поздрава околина за раст и развој.