Германија ќе набави гас  од 1,5 милијарди евра преку приватна фирма

Германија ќе издвои 1,5 милијарди евра за купување течен природен гас што е можно поскоро за да го обезбеди снабдувањето со енергија во контекст на војната во Украина, соопшти денеска Министерството за економија.

Владата ангажираше приватна компанија да ја спроведе таа трансакција.

– Сега останува на компанијата да одлучи каде да купува течен природен гас – изјави неименуван портпарол на Министерството.

Германија моментално увезува повеќе од половина (55 отсто) од својот гас од Русија.

Back to top button
Close