Германија најави план за поттикнување на економијата од 130 милијарди евра

Германската канцеларка Ангела Меркел најави синоќа план за обнова од 130 милијарди евра за периодот 2020-2021 година, чија цел е да ја поттикне економијата, која е тешко погодена од пандемијата на новиот коронавирус.

По дводневни разговори, Меркел истакна дека пакетот мерки претставува „смел одговор“, кој ќе ги поттикне потрошувачката и инвестициите, и ќе го намали притисокот врз семејствата и останатите.

Помошта е предвидена за задолжените општини, за времено намалување на ДДВ-то, префрлање на заедничките долгови врз сојузната држава, додаток од 300 евра по дете за семејствата или двојно поголема премија за купување електричен автомобил со цел да се поддржи автомобилската индустрија.

Back to top button
Close