Германски авиони 27 пати интервенирале како одговор на руски авиони над Балтикот


Германските борбени авиони стационирани во источното крило на НАТО од август минатата година интервенирале 27 пати откако биле предупредени за непознати авиони во балтичкиот регион, соопштија германските воздухопловни сили Луфтвафе.

Портпарол за ДПА изјавил дека германските сили идентификувале руски воени авиони над Балтичкото Море.

„Еурофајтер тајфуните“ на германскиот Луфтвафе се предупредуваат кога непознати авиони се приближуваат до воздушниот простор на Балтикот без сигнал од транспондер или радио контакт.

Повеќе од 150 германски војници се стационирани во Естонија од август минатата година за да го заштитат воздушниот простор на источното крило на НАТО, откако од Франција ја презедоа мисијата на НАТО за воздушна полиција над регионот.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер утре треба да ја посети воздухопловната база Амари.

Британските и германските сили од 6 март спроведуваат заеднички летови за вооружена заштита над балтичките земји, како и во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море, како дел од мисијата на НАТО наречена „Брза реакција“.

Трите балтички републики и членки на НАТО, Естонија, Летонија и Литванија немаат свои воздушни сили. НАТО ги користи базите во Амари и Сиаулиаи во Литванија за да го контролира воздушниот простор над балтичкиот регион.

Сојузниците на НАТО ги стационираат авионите заедно со помошниот персонал во базите во ротација. Германија учествува во мисијата од 2005 година

Back to top button
Close