Германскиот канцелар идниот месец во посета на Западен Балкан, со порака дека регионот припаѓа во ЕУ
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека пред состанокот на Европскиот совет предвиден за идниот месец ќе отпатува за Западен Балкан, за да ја пренесе пораката дека иднината на регионот е во Европската унија.
Шолц пред пратениците во Бундестагот потсети дека шест земји од Западен Балкан имаат аспирации за членство во ЕУ и тоа веќе се во повеќегодишен реформски процес.
„Почитувањето на нашите обврски кон нив не е само прашање на нашиот кредибилитет. Денес, повеќе од кога било, нивната интеграција е и во наши стратешки интереси”, рече Шолц укажувај и на влијанието на „надворешни сили” врз регионот, вклучително и Русија.