Ги запалиле документите во буре: Полицијата на Албанија упадна во иранската амбасада

По прекинувањето на дипломатските односи меѓу Албанија и Иран, иранските дипломати запалиле документи во амбасадата во Тирана. Само по неколку часа, противтерористичката полиција на Албанија изврши претрес во празниот објект.

Во текот на вчерашниот ден властите на Албанија им наредија на сите вработени во амбасадата на Иран во Тирана и дипломатите да ја напуштат земјата во рок од 24 часа, како одговор на иранските сајбернапади од јули.

Утрово, вработени во амбасадата биле забележани како палат документи во буре. Само што го напуштиле местото, набргу потоа полицијата опремена со автоматски пушки влезе во зградата.

„Длабинската истрага ни обезбеди неоспорни докази дека сајбернападот врз нашата земја бил организиран и спонзориран од Иран. Овој сајбернапад се закани да ги парализира јавните услуги, избрише дигиталните системи, хакира државните документи и да предизвика хаос и несигурност во земјата“, кажа премиерот на Албанија, Еди Рама.

Back to top button
Close