Главната правничка на Голдман Сакс поднесе оставка поради поврзаност со Епштајн

Банката Голдман Сакс потврди дека нејзината главна правничка, Кетрин Румлер поднела оставка по откритијата дека нејзините врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн биле поблиски отколку што претходно се знаеше.

Американската банка потврди за Фајненшл Тајмс и Њујорк Тајмс дека Румлер официјално ќе се повлече од функцијата на 30 јуни.

Румлер (54), поранешна федерална обвинителка и советничка во Белата куќа за време на претседателот Барак Обама, ја извршува функцијата главен директор за правни прашања на Голдман Сакс од 2021 година.

Како што пренесе ДПА, новите информации доаѓаат откако беа објавени голем број документи поврзани со Епштајн, кои покажаа дека Румлер примала скапи подароци од него и го советувала за медиумски прашања додека се занимавала со адвокатура.

Рачно напишани белешки на ФБИ вклучени во досиејата укажуваат на тоа дека Румлер била меѓу оние што Епштајн ги контактирал веднаш по неговото апсење во 2019 година, пишува Вол Стрит Џурнал. Епстин подоцна почина во својата затворска ќелија во Њујорк.

Портпаролката на Румлер изјави дека таа имала само професионален однос со Епштајн и дека не била свесна за неговите злосторства. Голдман Сакс претходно ги отфрлаше сугестиите дека овие откритија би можеле да влијаат на нејзината позиција во банката

Back to top button
Close