„Го убив затоа што не сакаше да им помага на другите деца“ Морничав одговор на момчето-убиец на прашањето на мајка зошто пукал во нејзиното дете

Денеска во Специјалниот суд во Белград продолжува судењето на родителите на момчето кое пукаше во ОУ „Владислав Рибникар“ при што беа убиени девет ученици и чуварот, а пет ученици и професорката по историја беа ранети.

Момчето ќе продолжи да сведочи и да одговара на прашања на родителите на жртвите, но и на своите.

Новинарката Јелена Спасиќ по тој повод при гостувањето на ТВ Курир откри нова информација.

„Мојот впечаток, врз основа на сето она што го видов, е дека родителите сакаат одговори зошто момчето ги убило нивните деца. Имавме можност да слушнеме дека Коста пукал во ученици во своето одделение, дури и дете кое го сметало за најдобар пријател, кое тешко го повредил“, изјави новинарот. Како што раскажала, кога бил прашан зошто пукал во него и дали му е најдобар пријател, тој одговорил: „Не баш“.

На прашањето “Дали знаеш дека те сметаше за свој најдобар пријател”, тој рече: „Не знам. не се сеќавам, имам впечаток дека беше љубоморен на секое дете кое беше подобро од него“, одговори – раскажа новинарката Јелена Спасиќ.

Рекла и дека кај момчето биле пронајдени два пиштоли „ерсофт“ на гас, односно на топчиња, но тој објаснил дека немал муниција за нив.

„Во неговиот ранец е пронајден и спремен молотов коктел кој го донел на училиште и не е тајна дека сето тоа го испланирал. Но, секако дека голем е придонесот на тоа што неговиот татко го водел на стрелиште. Кога 13- годишно момче кажа дека татко му го одвел на стрелиште за да се зближат, јасно ни стана дека таму работите не функционирале – изјавила таа.

Наставниците и училишните работници посведочиле дека не виделе ништо необично во него, дека бил добар ученик и дека бил љубезен.

-Посакувам да го слушневме тој повик што го упатил кога го направил тоа што го направи. Оператерката потоа му го постави прашањето: „Зошто го направи тоа“, тој рече: „Затоа што јас сум психопат“ – рече таа.

Back to top button
Close