Гоце Вегета – кандидатот за градоначалник на Охрид од ТМРО заврши во притвор. Го фатиле со две кеси марихуана

СВР Охрид поднело кривична пријава против 40-годишниот Г. Ц. од охридското село Подмолје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При претрес во стан во Охрид, каде што престојувал пријавениот, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис – информираат од МВР.

Неофицијно, станува збор за лице независен кандидат за градоначалник на штотуку завршените локални избори.

Back to top button
Close