Голем дефект на 110 киловатна станица за струја во Скопје

Утрово поголем дел од скопјани останаа без електрична енергија. Поради голем дефект на 110 киловатна станица, струја немаше во населбите Карпош, Ѓорче Петров, Сарај.

Од ЕВН за Телма ја потврдиле информацијата и појаснија дека екипите се веќе на терен за да го санираат дефектот.

Меѓувреме сообрајќајот се одвива без вообичаената сообраќајна сигнализација што пак предизвика создавање гужва.

Поради прекин во снабдувањето со струја, без вода утрово останаа и поголем дел станарите кои живеат на повисоките катови во станбените згради.

Back to top button
Close